Усвоен буџетот за 2011

Bez autora
Dec 12 2010

Со 56 гласа „за“- Собранието доцна попладнево го усвои буџетот за наредната година. Буџетот за 2011-та година ќе изнесува околу 2,59 милијарди евра. Според владината проекција, приходите ќе достигнат ниво од 2,4 милијарди евра. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека проекциите се базирани на очекуваното стабилизирање на екстерната побарувачка и заздравување на домашната побарувачка преку балансиран, умерен раст на инвестициите и побарувачката. Буџетскиот дефицит, според владата ќе изнесува 2,5 проценти. Опозицијата тврди дека голем ризик за реализација на планираниот буџет се несуштинските трошења на државата и инвестирањето во споменици наместо во инфраструктурата и здравството.

Усвоен буџетот за 2011Со 56 гласа „за“- Собранието доцна попладнево го усвои буџетот за наредната година.

Буџетот за 2011-та година ќе изнесува околу 2,59 милијарди евра. Според владината проекција, приходите ќе достигнат ниво од 2,4 милијарди евра.

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека проекциите се базирани на очекуваното стабилизирање на екстерната побарувачка и заздравување на домашната побарувачка преку балансиран, умерен раст на инвестициите и побарувачката.

Буџетскиот дефицит, според владата ќе изнесува 2,5 проценти. Опозицијата тврди дека голем ризик за реализација на планираниот буџет се несуштинските трошења на државата и инвестирањето во споменици наместо во инфраструктурата и здравството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik